2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

На денешен ден е роден Дојчин Апчевски, учесник во НОБ

Ноември 15, 2021

На денешен ден, 15 ноември во 1923 година,  во село Долно Агларци, Битолско, роден е Дојчин Апчевски, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија, општественик и политичар.

Во редовите на југословенската комунистичка младина (СКОЈ) е од пред Втората светска војна. Со нападот и окупацијата на Вардарскиот дел на Македонија стана активен организатор на антиокупаторската борба и учествува во акциите за прибирање оружје од распаднатата кралска армија. Особено активен во собирањето на „црвена помош“ и контакти и снабдување на политзатворениците во битолскиот затвор.

Во 1942 г. бугарската полиција двапати го апси, заедно со други раководителите на СКОЈ во битолската гимназија, но поради недостаток на докази дватапати е ослободен, но исклучен „од сите училишта во Царството“.

Од 1943 година е член на Комунистичката партија на Македонија. Од 1943 г. е припадник на партизанските единици, каде нешто подоцна стана политички комесар на баталјон. По ослободувањето на земјата од фашистичките окупатори е мајор на ЈНА.

Заврши Правен факултет, а беше и истакнат општествен и политички работник во Битола и пратеник во Републичкиот собор на Собранието на СРМ. Член-основач на Друштвото за наука и уметност во Битола (денес Македонско научно друштво) и негов претседател во периодот 1963-1965 г. Активен член е во Сојузот на борци од НОАВМ во Битола.

Носител на поголем број ордени и признанија, меѓу кои и: Орден за храброст, Орден братство единство, Орден на Републиката и Орден заслуги за народ (трет ред). 

Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани