2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Илиевски од СДСМ: Паднаа маските, Поинаку е Тројански коњ на ВМРО ДПМНЕ

Ноември 15, 2021

 

ВМРО-ДПМНЕ и Поинаку ја официјализираа својата коалиција. Со тоа се потврдија сонмежите за предизборната кампања на иницијативата која се претставуваше како независна и граѓанска со старото режимско ВМРО-ДПМНЕ кое ја пустошеше Битола цели 12 години, рече советникот од СДСМ, Методија Илиевски, по изборот на Габриела Илиевска од Поинаку за претседател на општинскиот Совет

-Проврмровската иницијатива Поинаку ја отфрли понудата за соработка со СДСМ и коалициските партнери. И со гласовите на ДПМНЕ и Левица доби претседателска функција во битолскиот Совет. Оние кои до вчера се колнеа во интересите на битолчани, денес се продадоа за фотељи. Што се им вети ВМРО-ДПМНЕ на тројцата советници од Поинаку за да ги добијат нивните гласови, ќе дознаеме во иднина, како и што ветија советниците од Поинаку кај ДПМНЕ за да добијат претседател на Совет. Нека се поштедат од тврдењата дека се залагаат за проекти во интерес на граѓаните, тоа се приказни за мали деца, во кои од денес никој нема да им верува, рече Илиевски и додаде

-На денешното гласање за избор на претседател на Совет паднаа маските. Она што јас го кажав уште пред две години на седница на Совет дека тројанскиот коњ е жив, денес е реалност. Тројанскиот коњ , односно Поинаку кој работеше скришно за интетесите на ВМРО-ДПМНЕ денес е реалност. Граѓанската Пинаку веќе е политички привезок на режимот на Никола Груевски и Христијан Мицкоски. Поинаку од денес станува ВМРО-ДПМНЕ , рече Илиевски

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани