2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Одржани 21 Пелагонски културно - научни средби во Општина Новаци

Ноември 15, 2021

 

Во дворот на општинската зграда во Новаци на 13 ноември се одржаа 21 Пелагонски културно - научни средби, според пропишаните здравствени протоколи за реализирање на јавни настани за заштита од Ковид 19.

За живот посветен на творењето и за огромното творештво создадено во неколку децении, за многубројните едуцирани студенти – Пелагонските културно-научни средби му беше доделено признание Повелба за животно дело на проф. д-р Златко Жоглев, редовен професор на Педагошки факултет Битола.

Признанието „Златен клас на македонски вознес“ за 2021г. Советот на Пелагонските средби одлучи да го додели постхумно на битолскиот и македонскиот поетски бард Панде Манојлов.

„ Почетокот на третата декада на Пелагонските средби, го обоија и разни предизвици од кој секако најзаканувачки предизвик е пандемијата со која го делиме нашето секојдневие повеќе од година и пол. Вродената искра за верба во доброто во човековата бит го движи светов и веков напред и се пројавува во сите околности. Таа искра на творечки моментум и impulsus inspirationis agens на овие Пелагонски средби се пројави во трудовите на 41 автор што се пријавија за учество на средбите. Сите автори ја имаат мојата најискрена почит за овој подвиг. За жал, ќе останеме ускратени во живо да ги слушнеме прекрасните излагања и дискусии и размена на мисли и идеи. Ќе се потпреме и ќе се радуваме на пишаната реч. Оваа година проработија веб страницата и ФБ страницата на средбите, неколку книги од неколку наши автори беа поставени на портал за слободни книги Политекон во Сиднеј Австралија, се најавуваат соработки и со други портали од други држави, така што се трасира добар пат на средбите во иднина.“ - истакна во својот поздравен говор, претседателот на Пелагонските средби, д-р Весна Калпаковска.

Традиционално, Средбите ги отвори градоначалникот на општина Новаци, Стевче Стевановски кој рече: „Сакам да се осврнам на три аспекти за значењето на Пелагонските културно-научни средби што се одржуваат и развиваат повеќе од две децении. Првата многу значајна компонента е истражувањето на културата, историјата, книжевното творештво, обичајното наследство што дава интерактивна, развојна и интелектуална димензија на општествената заедница.Вториот значаен аспект е дека општина Новаци е местото каде досега се презентирале и се презентираат достигнувања на творци од целата држава. Зголемувањето на бројот на учесниците и вклучувањето на разни области на творештвото (како наука, уметност, книжевност, археологија, историја) на Средбите во Новаци ни прави чест и задоволство. Сето ова придонесува за афирмација на нашата општина во државата и надвор од неа. Третиот значаен аспект е дека Средбите, покрај културно-научната содржина, ги афирмираат и ги поддржуваат сите творци, вклучувајќи ги и жените автори (кои во годинешната програма се повеќе од половина од сите учесници) и особено младите творци.“256405003 406897017588918 4353328825934053362 n

Пелагонските културно – научни средби годинава се одржаа во чест на Великанот Блаже Конески неговата заложба кон севкупната наша лингвистичка,книжевна, хуманистичка култура е огромна, говор за значењето на Конески во наставата по амедонски јазик во основното образование одржа Гордана Најдовска, учител по македонски јазик и библиотекар при ООУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци.

Според програмата на Средбите, наскоро се очекува да излезе од печат 17 по ред Зборник на на трудови од повеќе научни домени, чии автори се значајни за постојаниот развој на македонската научна мисла.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани