АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По денешниот избор на Габриела Илиевска за претседател на Советот на Општина Битола со реакција се јави и ЛДП Битола која во Советот е дел од опозицијата.
-Во битолскиот совет денес паднаа маските.
Независната ПОИНАКУ, стапи во КОАЛИЦИЈА со Вмро-Дпмне и избра претседател на Совет.
Не било за Битола, не било за Поинаку, не било за да издржиме, имало дил, направен далеку од очите на јавноста, првата страна ја видовме денес, останатите во деновите кои следат.
Од денес Поинаку и Вмро-Дпмне одговараат за состојбите во градот и за нивно решавање.
Изјавите од типот не сме КОАЛИЦИЈА, не сме заедно, од денес не проаѓаат.
Во политиката секое правење на мнозинство е КОАЛИЦИЈА и нема друг збор.
ПОИНАКУ е со Вмро-Дпмне, Вмро-Дпмне е со ПОИНАКУ.
Посакуваме успешна работа, а ние будно ќе ги следиме работите, реагираат од ЛДП по денешната конститутивна седница.