2win800x200

“ЖИВОТОТ НА БАИР” - изложба на детски цртежи од школата за цртање во населбата Баир

Декември 05, 2021

 

Цртежи и слики изработени од децата кои живеат во битолската населба Баир, под водство на академската сликарка Анкица Стевановска која ја водеше двомесечната школа за сликање, беа претставени на изложба во фоајето на Центарот за култура во Битола, а организирана од ПРЕДА Плус Фондацијата.
 
received 1546438222399271
Во месеците октомври и ноември во месната заедница “Димитар Влахов” се реализираше бесплатната Школа за сликање, наменета за деца од 10 до 14 години кои живеат во оваа населба. Оваа школа, која имаше завршница со изложбата се дел од културните настани во проектот Баир- Здружена акција на Битола за вклучување на Роми, финасиран од Европска Комисија, реализиран во партнерство на италијанската невладина организација -COSV, Преда Плус Фондација и Општина Битола.
 
received 335056208308924
 
Целта на оваа школа со завршна изложба, беше да се интегрираат децата од различни националности кои живеат во населба Баир, во една заедничка активност преку која ќе се промовира креативноста, културата и заедничкиот живот во населбата.  Ова е уште еден од проектите позади како иницијатор стои ПРЕДА плус фондацијата, до проектите кои успеваат да направат разлика во општеството во кое живееме.
 
 received 898936850822373
 
На изложбата, беа изложени  и делата изработени во рамки на  една друга работилница реализирана од Регионалното географско друштво Геосфера од Битола, кое во изминатата година преку многубројни активности за чистење на депониите во населбата Баир, успеа да направи парк со детски реквизити и да реализира 7 работилници со ромското население за реупотреба на материјали од пластика и текстил и изработка на креативни творби
 
 received 2173781766098412
На отворањето на изложбата, жири комисија во состав Буба Мешкова-Солак академска сликарка и педагог и Елена Хаџи Антонова од Малиот Битолски Монмартр ги избраа најуспешните цртежи, прогласувајќи ги Давид Исов, Мила Секуловска и Ален Ахмедов за најдобри. Тие добија и  награди од СН финансиско друштво, а сите учесници на школата и симболични подароци. 
 
received 601736517710684
А бесплатни часови до крајот на годината во ADAM’S ART SCHOOL, добија  Мила Секуловска, Џулијана Керимова и Давид Исов.
 
received 627015231767782
 
фото Ивона Кочов
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани