2win800x200

Изложба на уметнички дела-22 декември во 19 часот во изложбениот салон КЦ Магаза

Декември 19, 2021

Свечено отворање на Изложба на уметнички дела на 22 декември 2021 во 19 часот во изложбениот салон КЦ Магаза. Оваа прекрасна изложба е од група автори, на која ќе бидат изложени 37 уметнички дела во различни сликарски техники и материјали. Творби се изработени во 2021 година, авторите ќе го промовираат најновото сопствено творештво.

Нема достапен опис

Учесници на изложбата се: Лилјана Христовски, Маја Ковачевска, Александар Поповски и Тони Попов Лилјана Христовски е магистер по ликовни уметности од област реставрација и конзервација. Магистерските и додипломските студии ги заврши на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Има работено на многубројни конзерваторски проекти при НУ Завод и музеј Битола како надворешен стручен соработник- конзерватор. Има учествувано на повеќе групни изложби. Член е на ДЛУБ од 2016та година Во делата Лилјана Христовски експериментира со различни материјали и текстури, комбинации на повеќе техники, експлозија на слободни форми, творештво низ игра- израз на слободната човечност. Маја Ковачевска е родена во Битола. По завршувањето на средното гимназиско образование се запишува на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек графика со насока графички дизајн. Во 2009 год. ја добива наградата "Драгутин Аврамовски - Гуте" за најдобра студентска графика, во 2010 год. ги завршува додипломските студии како најдобар студент на генерацијата и се запишува на постдипломски студии, кои ги завршува во 2012 год. Член е на ДЛУБ од 2010 год. и на ДЛУМ од 2013 год.

Има реализирано 4 самостојни изложби и има учествувано на 3 ликовни колонии и повеќе групни изложби. Александар Поповски е роден 1969 год. во Битола, Р. Македонија. Дипломира на ФЛУ Скопје, отсек графика со графички дизајн во класата на професор Зоран Јакимовски.Девеесеттите години се занимава со графика и графички дизајн,како и со илустрација.Има две самостојни изложби во Битола и учесник на повеќе меѓународни групни изложби.Работи како наставник по ликовна уметност во гимназијата во Битола.

Тони Попов е уметник кој твори во повеќе медиуми. Со сликарство професионално се занимава од 2011 година. Автор е на четири самостојни изложби, а учествувал на повеќе групни изложби во земјава и странство. Во 2014 година, продуцентската куќа “Moments” од Шарлот, САД, сними краток документарен филм за неговата работа. Во 2018 година, издавачката куќа „Метаноја” од Скопје, објави книга од неговиот проект „100 дена мини уметност”. Во јули 2020 година, во Охрид, Тони ја започна Летната сликарска школа за деца „Пробај уметност”. Роден е 1975 година во Скопје. Живее во Охрид со сопругата и трите деца.

Голема благодарност до Министерството за култура за поддршката во реализирањето на оваа изложба Изложбата ќе трае до 31 декември, може да се посети во работни денови од 9-16 часот, а во сабота до 14 часот. Повелете, посетете ја.

Посетата на изложбата ќе се одвива по сите протоколи за заштита од Ковид – 19.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани