
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сообраќајна несреќа се случи вечерва на крстосницата од улиците "Партизанска" и АСНОМ, на дваесетина метри од влезот на Клиничката болница.
Во Битола денес се регистрирани 33 новозаболени од коронавирусот, оздравени се 13 пациенти, а активни се 228 случаи. Во болницата во Битола се хоспитализирани 38 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.
Нови 11 заболени од КОВИД-19 се регистрирани денес во Битола, активни се 219 случаи, а во битолската Болницата се хоспитализирани 34 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.
Во Општина Битола се поставени 22 нови специјализирани контејнери за одлагање на стаклена амбалажа. Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и директорот на Јавното претпријатие „Комуналец“ Панде Богоевски, потпишаа договор за примопредавање на новите контејнери со претставник од Германското друштво за интернационална соработка преку Отворен Регионален Фонд за Југоисточна Европа – Модернизација на општински услуги (ГИЗ ОРФ ММС). Овој проект во Република Северна Македонија се реализира со поддршка на ЗЕЛС, на ПАКОМАК и на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ).
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола е дел од регионалната мрежа на хортикултурни библиотеки, концепт кој што вклучува запознавање, користење и практична апликација на знаења и литература од областа на ботаника, уметноста, како и промовирање на литература од истата област со што библиотекарите го унапредуваат квалитетот на своите услуги преку поголемо користење на фондовите на библиотеката и обликување на позитивна свест за уредување на работни и животни простори.