2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Општина Битола ќе го заштити и застакли дворот во Јени Џамија каде се пронајдени остатоци од црква (фотогалерија)

Април 18, 2021

Општина Битола ќе обезбеди средства за да се заштитат најновите археолошки наоди, во кои има и остатоци од црква, во дворот на Јени џамија во Битола. Откако ќе заврши комплетно реставрацијата и конзервацијата  на наодите во дворот, тој дел ќе биде застаклен како што е случај во ватрешноста на џамијата каде можат да се видат темели од поранешни цркви кои беа пронајдени во рамки на археолошките истражувања што подолго време се одвиваа во и околу џамијата.

„Битола од секогаш била град кој покажувал соживотна сите етникуми. Токму овој објект го покажува тоа, место каде имаме археолошки наоди на постоење на црква во минатоо, но имаме и џамија. Во следниот период планираме, а ќе го предложам и како градоначалник на првата следна седница, а тоа е Општина Битола да донира финансиски средства со кои ќе може да биде направена заштита на овие археолошки наоди на црквата што постоела. На тој начин ќе покажеме дека умееме да ги сочуваме нашите вредности, соживотот, а и привлечноста за туристите по поандемијата“, рече градоначалничката Наташа Петровска.

Во дворот на Јени џамија неколку години се прават археолошки истражувања, со цел да се дефинира опфатот на црквите, чии темели беа откриени уште при истражувањата во тремот на џамијата, односно во молитвениот дел. Остатоци од сакрален објект беа откриени во дворот од десната страна на џамијата, а сега и во предниот дел. Со ова се проширува површината на која пред многу векови имало христијански храм во строгиот центар на Битола, каде што денес се наоѓаат Јени џамија и делови од Градски парк.

„При последните археолошки истражувања се откриени делови од западниот ѕид на црквата, северниот ѕид на тремот на црквата, како и два придружни ѕида од различни архитектонски фази. Покрај овие елементи, откриени се и три гроба со движни добра, масивна мермерна база со отвори за оловни стеги и друго. Овие недвижни и движни добра понатаму ќе бидат предмет на стручно проучување и се очекува да дадат значајни податоци за средновековна Битола“, вели директорката за Завод и музеј Битола, Мери Стојанова.

 

05219.MXF.17 29 16 17.Still001

05222.MXF.17 35 00 21.Still001

05231.MXF.17 38 09 20.Still001

05231.MXF.17 38 18 07.Still002

05234.MXF.17 39 32 08.Still001

05235.MXF.17 39 44 13.Still001

05235.MXF.17 39 49 15.Still002

05236.MXF.17 40 02 13.Still001

јени3

јени4

 

 јени5

јени6

јени2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани