
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Семафорот во близина на Гроздот во центарот на Битола, денеска попладнево делеше црвени срциња. На семафорот автомобилите застануваа на црвено срце, наместо црвен круг . Овој невообичаен знак го забележаа многумина, оценувајќи го како креативен чин и добра намера која шири позитивна енергија. Многумина од минувачите „вљубениот семафор“ ги асоцираше на 14 февруари Денот на вљубените, но и на некој добар гест на вљубен битолчанец.
За првпат сите средни училишта во Битола имаа можност да ги претстават своите капацитети на Саемот за средни училишта што се одржа на плоштадот Магнолија. На саемот седумте средни училишта на свои штандови се претставија со наставните програми, кадар, достигнувања на ученици, изработки и одредени услугуги со цел подетално да ги запознаат идните средношколци со својата понуда.
Во Битола често може да се види добиток без стопан како се шета по улици, а граѓаните на социјалните мрежи шеговито коментираат дека миграциската треска село-град ја зафатила и стоката.
Пионери со црвени марами и сини титовки, денеска ги служеа гостите во кафе барот Буре на плоштадот Магнолија, а пред влезот се вееше знаме со петокрака. Кафулето со овие југословенски симболи, ги потсети битолчани дека на денешен ден, 25 Мај, во Титова Југославија се славеше Денот на младоста и роденденот на Јосип Броз Тито.
Најстарата противпожарна единица на Балканот, битолската, одбележа 182 години од своето постоење. На свеченоста присуствуваа делегација од Конзулатот на Република Бугарија во Битола, претставници на МВР, на Црвениот крст, советници од општинскиот Совет, а заменик градоначалничката Емилија Костурски, честитајќи го Денот на пожарникарите, најави зајакнување на капацитетот на ТППЕ.