2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ЗАТВОРАЊЕТО НА „БРАЌА МАНАКИ“ НА НИВО , НО ВО ПОЛУПРАЗНА САЛА

Септември 29, 2018

Фестивалските завеси на 39-то издание на Интенрнационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манки“ во Битола се одржа во полупразна сала во Центарот за култура. Церемонијата беше на потребното ниво, но публика немаше многу. Како и секоја година, така и оваа отворањето на фестивалот привлече повеќе гости отколку затворањето.

Без голем гламур и метеж на црвениот килим. Поминаа помалку политичари отколку на отворањето на фестивалот. Референдумот ги одвлече од филмот. На црвениот килим помина по некој некој локален фунционер, директор, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, новинари и филмаџии.

Откако дел од публиката беше искритикувана од модни критичари за тоа како изгледаше на отворањето од фестивалот, на завршната вечер се проби по другите патеки за да стигне до Центарот за култура.

 

fotka od salata

Иако салата не беше полна, директорката на Фестивалот Гена Теодосиевска во свечениот дел рече дека најмногу била трогната од публиката од Битола која ги посетувала сите вечерни проекции и им се заблагодари за поддршката.

„Знам дека денот поминува и дека сето ова утре ќе биде историја. Но, немојте да помислите дека ние не ја правиме историјата зашто секој момент поминат заедно со оние што мислат заедно е едно мало, но исто време и големо чудо“, рече Теодосиевска.

овае

Од четворицата наградени кинематографери на вечерта беше присутен само еден. Во ноќта на наградите на „Браќа Манаки“ наградата „Златна камера 300“ му припадна на јужнокорејскиот кинематографер Кјонг –Пио Хонг за филмот „Горење“ во конкуренција од 12. Претседателката на меѓународното жири Олимпиа Митилинау рече :„Oва е најелегантно раскажана филмска приказна од сите останати, секое движење зад камерата пренесуваше некакво чувство, совршена комбинација на забава и уметност и успеа публиката да ја стави во главата на главниот актер. Но, кинематограферот не беше во Битола да ја подигне наградата.златна

„Сребрена камера 300“ доби францускиот кинематографер Ерик Готје за беспрекроната камера која неуморно ги следеше филмското дејствие во бунтовната и интимна филмска приказна „Пелета е најчисто бело“. Готје лично ја подигна наградата и рече дека би сакал да ја подели со режисерот на филмот и остатокот од филмската екипа зашто имал многу добро искуство снимајќи во Кина, како и со Роби Милер кој бил негова инспирација.сребрена

„Бронзената камера 300“ му припадна на полскиот симател Лукаш Жал за брилијатната камера која просветлува епска љубовна приказна во филмот „Студена војна“.Наградата „Златна камера 300“ за краток филм му е доделена на Адрик Ватсон за филмот„Сите овие суштества„. Овие двајца кинематографери не беа присутни во салата да си ја подигнат наградата.

бронзена

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, ги поздрави присутните заблагодарувајќи се на сите кои целосно се вложија за успешна реализација на уште едно издание на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“.

-Помеѓу меѓите на денот и ноќта, помеѓу меѓите на нашите соништа, планови и акции имавме прекрасна фестивалска седмица во којашто низ проекцијата на камерата можевме да видиме нечии други соништа и акции. Но, не ја имавме само таа привилегија и само тој дар, овие денови имавме можност и за многу дружење на филмаџиите, кинематографери и актери, на студентите кои се подготвуваат да работат во филмската индустрија, имавме можности за нови познанства и градење на нови спомени. Нема да спомена затворање-овие мигови, спомените од оваа седмица нека останат живи до следното издание, кога сите ве поканувам на следното 40. издание на фестивалот „Браќа Манаки“, рече Петровска.наташа

На завршната вечер беше прикажан краткиот филм „Скаут“ во режија на Алекс Цветков, што пред една недела имаше премиера во Лос Анџелес. Филмската екипа допатува во Битола и се поклони пред публиката. Филмот покажа колку хуманоста и приватноста бесрамно ја губат битката пред налетот на интернетот и модерната технологија. Раскажана е приказна за човек кој е популатен на интернет со тоа што постојано става снимки во живо, него дури и животот му е живот пред камера. На денот на свдбата сите присутни место да му честитаат го снимаат. Го снимаат и потоа додека со мотор вози до приемот по повод свадбата, а невестата во кола крај него. Понесен од желбата да биде снимен, популаларен изведува лудории со мороторот, а лицето кое го снима, воедно го вози и автомобилот во кој е неговата сопруга. Се случува сообраќајна несреќа, камион удира во возилото во кое е невестата. Додека сопругот се обидува да ја извлече, куп луѓе снимаат околу него наместо да му пружат помош. Сите се со мобилни во рацете, а никој не вика Брза помош. На крај невестата умира.ekipata od kratkiot film Skaut

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани