2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Во Битола и пелагониско навреме отворени гласачките места

Септември 30, 2018

Во 7 часот утрово, навремено  се отворени сите гласачки места во Битола и пелагониските општини Новаци, Могила, Демир Хисар, потврдуваат од општинските изборни комисии.

Според единствениот избирачки список во Општина Битола право на глас имаат 82 131 граѓани кои ќе гласаат на 170 избирачки места. Во Новаци  право на глас имаат 2977 граѓани, во Могила 5 385 полнолетни граѓани, додека во Демир Хисар право на глас имаат 7090 гласачи.

Во Македонија денеска се одржува референдум на државно ниво на којшто гласачите треба да се изјаснат на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“ со заокружување „за“ или „против“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани