АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолчанец, бил лишен од слобода откако вчера на денот на референдумот, пред гласачко место во центарот на градот им се заканувал на гласачи да не излегуваат на гласање.
Покрај тоа се обидел да ги заплашува дека кога неговата партија ќе дојде на власт ќе „одговараат“ што излегле на гласање. Ова се случувало во текот на гласачкиот ден, по што граѓани се пожалиле кај избирачките одбори дека средовечен маж им прави проблеми.
Битолската полиција за апла.мк потврдува дека на 30 септември во 20 и 30 часот од страна на полициски службеници лишено од слобода е лицето С. К (48) години од Битола поради сомнение за сторено кривично дело по член 160 од кривичниот законик на Р. Македонија.Кривичното дело се однесува на „повреда на слободата на определување на избирачи“. Од СВР-Битола за апла.мк велат дека работат на расчистување на случајот, а дека лицето после неколку часа е ослободено.