АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Битола на гласање излегле 27 739 лица или 33,77 проценти од 82 131 гласачи запишани на избирачкиот список, објави ДИК по обработката на сите гласачки ливчиња од сите 170 гласачки места во општината.
Од нив дури 89,59 проценти или 24 852 гласале „за“, а само седум проценти или 1941 „против“.
Во соседната општина Новаци, која е една од најголемите по теритоија во земјава, а воедно и една од најретко населените гласале 31,14 проценти од гласачите, од кои 80,26 проценти или 744 лица „за“, а 12,84 проценти или 119 гласачи „против“.
Во Могила на гласање излегле 23,96 проценти од гласачите. „За“ гласале 87,76 % или 1133 гласачи, а „против“ 8,68% или 112 гласачи.
Во Демир Хисар излезноста била 23,96 проценти, од гласачите 87, 76 проценти одговориле потврдно на референдумското прашање, а 8,68 проценти биле против.
На референдумот граѓаните одговараа на прашањето: Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција?
На ниво на Македонија гласале 662 721 гласачи или 36,89 проценти од вкупниот број на граѓани со право на глас. Од нив 91,48 поценти заокружиле „за“, а 5,64 проценти „против“.