Во Драгорот двосед, на улица откорната корпа за отпадоци

Септември 18, 2018

Телевизори, шпориња, фрижидери, фотелји и друга покуќнина  честопати може да се види во реката Драгор. Денеска оваа збирка е надополнета со двосед.

Честопати несовесни битолчани се ослободуваат од стариот мебел во реката, а се фрлаат и други отпадоци, иако ЈП "Комуналец" постојано ја спроведува акцијата за подигање на гломазен отпад од домаќинствата кои ќе се пријават дека имаат таква потреба.

FB IMG 1537290458253

Утрово пак некому му пречела корпата за отпадоци која е поставена како дел од урбаната опрема низ градот. Таа е откорната, со што е неупотреблива за намената што ја има.
 
 IMG 20180918 194130
Грижата за околината и навиките се учат од најрана возраст, во семејството и на училиште. Сепак, лекцијата, најверојатно, најдобро се учи со казни!
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани