
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолскиот советник од независната иницијатива "Поинаку", Иван Чулакоски, кој пред два-три дена, на последната седница на Советот зборуваше за состојбите со реката Драгор во Битола, изразувајќи големо разочарување, викендот објави на социјалните мрежи дека е на најскапиот грчки остров Миконос, или како што ни рекоа наши читатели, битолчани, "од Драгоро , Чулако се чекира на Миконос". Чулакоски беше сериозно загрижен за чистотата на Драгорот, па видеото од неговиот настап на советничката говорница за кусо време стана популарно, особено заради неговиот експлицитен говор дека фекалии (лајна) од населба Довлеџик во Битола, каде живее и советникот, течат во реката. Чулакоски најверојатно поради голема загриженост заминал на Миконос, еден од најпознатите и најскапите туристички острови во Грција кој има модернизирана канализациска мрежа. Но, од она што може да се прочита на интернет и жителите на Миконос се на мака, исто како и кај повеќето мали острови со огромен сезонски прилив на туристи (летно време бројот на посетители е и до 10 пати поголем од постојаното население), канализационата инфраструктурата на Миконос често била под голем притисок.