2win800x200

Пред споменикот на НОАВМ во Битола положено свежо цвеќе по повод Денот на независноста

Септември 08, 2025

ЧЕСТИТ 8 СЕПТЕМВРИ – ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА МАКЕДОНИЈА! НЕКА НИ Е ВЕЧНА ТАТКОВИНАТА!

 
Денес, Република Македонија одбележува 34 години од историското референдумско „ДА“ – ден кога народот достоинствено го избра патот на самостојноста, независноста слободата и сувереноста.
 
По повод овој значаен ден, пред споменикот на НОАВМ во Битола, свежо цвеќе положија Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, членови на Советот на општината, Сојузот на борци и претставници од политичките партии. Со овој настан, се оддаде почит на сите што со визија, жртва и идеја ја градеа современата македонска држава.
 
Во својата честитка, градоначалникот Коњановски испрати порака до сите граѓани:
 
„Македонија е сонот на генерациите што се бореа, а денес е и одговорност на сите нас.  Нашата независност не е само датум од историјата – таа е секојдневна борба, грижа, несебичен влог, но и надеж.
На денешен ден, со длабока почит се поклонуваме пред сите кои ја изградиле темелната мисла за македонска држава. Но погледот ни е насочен и кон иднината – кон младите.
Тие се срцето на нацијата, двигателот на промените  и најсилниот гарант дека Македонија ќе остане на патот на достоинството и државотворноста.
Во време на предизвици, суштински е младите да останат тука – да сонуваат тука, да созреваат тука, да создаваат на нашите простори. Наш заеднички долг е да продолжиме да ја градиме Македонија како земја на можности, слобода и правда – каде што секој млад човек ќе има простор да го оствари својот сон, без да се откаже од своите корени, идентитет и иднина.
 
Да не ја заборавиме жртвата на тие што се бореа, но и да веруваме во потенцијалот на тие што доаѓаат. Само со заедништво, љубов кон татковината и визија, можеме да продолжиме да градиме силна, праведна и горда Македонија.
 
НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ 8 СЕПТЕМВРИ! НЕКА НИ Е ВЕЧНА МАКЕДОНИЈА! Да ја чуваме слободата, да ја негуваме независноста, да ја браниме татковината, да создаваме дела за нејзин напредок – секој ден, со секој чекор“, порача градоначалникот Коњановски по повод „8 Септември“ – Денот на независноста.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани