2win800x200

Кривична за полицаец од Битола кој возел "ѓон" пијан на патот за Новаци

Мај 01, 2026

Полициски службеник доби кривична пријава затоа што возел под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода.

Од МВР информираат дека Секторот за внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднел кривична пријава против Ј.С.(49) од Битола, полициски службеник во ПО Новаци, поради сомнение дека сторил кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило”.

Тој на 24.10.2025 во 17:42 часот, во период кога не бил на работа, на патот Битола-Новаци, под дејство на алкохол управувал патничко возило „хјундаи” со битолски регистарски ознаки, односно со 1,51 промили алкохол во крвта, при што предизвикал сообраќајна незгода.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани