СООПШТЕНИЕ
Од ООУ „Стив Наумов“- Битола ви го пренесуваме во целост
Почитувани,
Во врска со настанот поврзан со ученик од нашето училиште кој преку
социјалните мрежи објавувал недолични и заканувачки пораки за неговите
соученици и нивните родители,о како транспарентно училиште, Ве
информираме дека училиштето веднаш постапи согласно своите законски
надлежности и обврски.
Иако содржините не биле објавувани во рамките на училиштето, ниту за
време на наставниот процес во училиштето, по добиената претставка од
група родители до ДПИ, училиштето без одлагање ги извести надлежните
институции – Министерството за внатрешни работи, Центарот за социјални
работи и подрачното одделение за образование на општина Битола, со цел
случајот целосно да се испита и понатаму институционално да се постапува
по истиот.
Во рамките на нашите надлежности, училиштето презеде соодветни мерки за
заштита и поддршка на учениците, како и активности за смирување на
состојбата и обезбедување безбедна и сигурна средина за сите ученици и
вработени.
Апелираме до јавноста за воздржаност од ширење на непроверени
информации и за почитување на приватноста и достоинството на сите
инволвирани лица, особено имајќи предвид дека станува збор за
малолетници.