2win800x200

Новата американска амбасадорка Никол Варнс во посета на битолскиот гигант „Синпекс“ Битола застапник на Џон Дир

Мај 07, 2026
Битолскиот гигант „Синпекс“ Битола денеска беше домаќин на новата американска амбасадорка Никол Варнс, која оствари прва посета на Општина Битола. Амбасадорката Никол Варнс се сретна со сопственикот на „Синпекс“ Битола, Синиша Петровиќ, чија фирма е генерален застапник на тракторите Џон Дир , светски познат американски бред за земјоделска механизација. 
 
„Денес имавме огромна чест во нашиот изложбено-продажен салон во Битола да ја пречекаме г-ѓа Никол Варнс, вршител на должност и шеф на мисија во Амбасадата на САД во Скопје.
За време на посетата, ја презентиравме нашата долгогодишна соработка со култниот американски бренд John Deere, како и нашите капацитети за поддршка на македонското земјоделство преку најсовремена технологија и механизација.
Разменивме идеи за развојот на агро-секторот и ја потврдивме заложбата на СИНПЕКС за носење на светските стандарди директно до нашите фармери. Благодариме на Амбасадата на САД за поддршката и интересот за нашиот бизнис модел!, објавија од „Синпекс“ Битола. 
692545172 1287104883604906 1919734088794333542 n
690310706 1287104870271574 9016445869412512130 n
689453664 1287104913604903 2268064618489796321 n
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани