2win800x200

ПРОМОЦИЈА НА СТРУЧНИОТ БИЛТЕН НА НАСТАВНИЦИТЕ „РАЗГЛЕДИ“

Мај 08, 2026

Во рамките на чествувањата, по повод одбележување на Патрониот празник на СОУ „Таки Даскало“ - Битола, на 6 мај 2026 г., во НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола, се одржа промоција на двете најнови изданија на стручниот билтен на наставниците „Разгледи“, бр.21 објавен во октомври 2025 година и бр.22 објавен во април 2026 година, во издание на СОУ „Таки Даскало“ - Битола. Стручниот билтен „Разгледи“, кој се издава веќе 27 години, е единствен билтен од ваков вид кој го издава едно училиште, во кое се објавуваат стручни и научни трудови од наставниците од СОУ „Таки Даскало“, но во него свои трудови објавуваат и надворешни соработници од други образовни институции и факултети.

Промоција на билтен Разгледи 2б

               Двата броја од „Разгледи“ ги промовираа Весна Мундишевска-Велјановска, главен уредник и еден од основачите на билтенот, и м-р Марија Младеновска-Димитровска, психолог и член на редакцијата на списанието, а модератор на настанот беше Милица Димитријовска-Радевска, наставник по предметот Македонски јазик и литература и член на првата редакција на билтенот, која отворајќи го настанот се осврна на издавачката дејност на СОУ „Таки Даскало“.

Промоција на билтен Разгледи 9

Промоција на билтен Разгледи 2а

 

               Поздравен говор одржа директорката на Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола, м-р Емилија Стефановска-Давкова, која ги поздрави присутните и го истакна своето задоволство што е дел од промоцијата и се осврна на долгогодишната успешна и плодна соработка на оваа национална установа и СОУ „Таки Даскало“, не само во делот на одржување на различни настани и промоции во Библиотеката, туку и на бројните квалитативни и содржајни работилници, изложби и други активности што се реализираат со вработените од Библиотеката и учениците и наставниот кадар од СОУ „Таки Даскало“ - Битола.

Промоција на билтен Разгледи 7

 

               Во своето излагање, промовирајќи го бројот 21 за 2025 година, Весна Мундишевска-Велјановска, која е главен уредник и член на редакцијата уште од првиот број, се осврна на историјатот на „Разгледи“, од самите почетоци пред 27 години, во далечната 1999 година, на првата редакција, на визијата која ја имаше првата редакција Билтенот да прерасне во еден респектабилен стручен билтен во кој наставниците ќе имаат можност да пишуваат стручни и научни трудови од својата област со цел поголемо информирање и соработка на наставниот кадар во насока на следење на модерните трендови во образованието, зголемување на квалитетот на наставата, унапредување на воспитно-образовната практика и придонес за професионалниот и стручен развој на наставниот кадар не само од СОУ „Таки Даскало“, туку и пошироко. Таа истакна дека е особено горда што денес „Разгледи“ се препознава по својата уникатност и квалитет, по својата содржајност и заложбите за унапредување и заштита на авторството. Во стручниот билтен на наставниците „Разгледи“ до сега се објавени 185 трудови од 165 автори, распределени во голем број рубрики: „Колумна“, „Современа настава“, „Бележиме“, „Семинар-работилници“, „Примери од наставната практика“, „Истражување“, „Еко ТД“, „Практична настава и Учење преку работа“, „Педагошко-психолошка практика“, „Промоција на публикации“ и „Воннаставни активности“.

 

Промоција на билтен Разгледи 8

               Промоторот на 22-рото издание на „Разгледи“ за 2026 година, м-р Марија Младеновска-Димитровска, истакна дека е особено горда што е дел од Редакцијата на билтенот, осврнувајќи се на значењето на стручниот билтен на наставниците „Разгледи“ во афирмацијата на научно-стручни трудови на наставниот кадар од областа на образованието, на концепцијата на билтенот кој промовира не само авторство на квалитетни трудови, туку и промоција на современи педагошки пристапи во наставата, што директно придонесуваат за унапредувања на воспитно-образовниот процес, притоа одликувајќи се и со високи стандарди за стручна, научна аргументираност, оригиналност, методолошка доследност и применливост во процесот на настава и учење.

 

Промоција на билтен Разгледи 6

               На промоцијата беа дадени кус преглед и осврти на објавените трудови и на нивните автори во двете изданија на Билтенот, меѓу кои, покрај наставници и стручни соработници од СОУ „Таки Даскало“, има и универзитетски професори, образовни асистенти и наставници од други училишта.

Промоција на билтен Разгледи 5

 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани