2win800x200

Марија Шамоска-Буџаковски - На смерот Традициски играч-пејач ученици ќе се запишуваат секоја втора година

Мај 04, 2026
Фото Марија Шамоска Буџакоски Фото Марија Шамоска Буџакоски

Во врска со реакциите во битолската јавност околу прекинот за упис на смерот Традициски играч-пејач во Државното музичко училиште во Битола за учебната 2026-2027 години, со изјава до јавноста се обраќа директорката Марија Шамоска - Буџакоски. Во појаснувањето директорката Шамоска - Буџаковски вели дека упис на профилот Традициски играч-пејач ќе има секоја втора учебна година. Изјавата на директорката на Државното музичко училиште во Битола Марија Шамоска Буџаковски дадена за АПЛА ви ја пренесуваме во целост.  "Како директор на Државно музичко училиште - Битола, во врска со информациите кои се појавија во јавноста, а се однесуваат на статусот на профилот Традициски играч-пејач во Државното музичко училиште – Битола, сакам да дадам појаснување со цел точно и навремено информирање на родителите, учениците и пошироката јавност.

 
Разбирливо е што кај дел од родителите се појави загриженост околу можностите за упис, имајќи го предвид значењето на овој профил за нивните деца. Токму затоа, сакам јасно да истакнам дека профилот не е затворен ниту пак укинат, туку неговото реализирање се одвива согласно утврдена динамика, односно истиот се отвора за упис преку една година.
 
Овој пристап овозможува подобра организација на наставата и одржување на висок квалитет на образовниот процес, што е особено важно во музичкото образование, каде е вклучена и индивидуална настава, па квалитетните услови играат клучна улога. Станува збор за воспоставена практика која има за цел да обезбеди најдобри услови за учениците.
 
Свесни за значењето на овој профил и за негувањето на културниот и музичкиот идентитет, функционирањето на профилот Традициски играч-пејач во нашето училиште беше овозможено од минатата учебна година во рамки на образовните политики на Министерството за образование и наука, при што со одлука на актуелната министерка беше овозможено негово отворање и континуитет, за што најискрено се заблагодаруваме.
 
Во таа насока, сакам да ја истакнам благодарноста за поддршката од Министерството за образование и наука за подобрување на условите за работа во училиштето, преку обезбедување средства за санација на објектите во кои е сместено, од реновирање, санација на подови, инсталација на парно греење кое треба да следи, па се до набавка на нови музички инструменти и модерни средства за настава како што се интерактивни табли и панели, со што директно се придонесува за поквалитетен наставен процес за наставниците и учениците во ова училиште.
 
Значи во однос на уписот во нашето училиште за сите заинтересирани да потсетам, во следната учебна 2026/2027 година во ДМУ-Битола ќе се запишат 68 ученици во 2 паралелки Музичар изведувач - 34 ученици и Музичар теоретичар - 34 ученици. Профилот Традициски играч-пејач оваа година нема да е дел од конкурсот на МОН, но ќе го имаме повторно во учебната 2027/2028 учебна година, па повелете, учениците ги очекуваме во што поголем број !
 
Државното музичко училиште – Битола останува посветено на својата мисија – создавање, негување и унапредување на музичкиот кадар, како и зачувување на културните вредности. Во таа насока, ние како училиште со поддршка на МОН ќе продолжиме да работиме во интерес на учениците, родителите и пошироката заедница, стои во изјавата на Шамоска - Буџаковски    текст - Апла
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани