
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалничката Наташа Петровска најави дека во буџетот за 2018 година се предвидени пари за експропријација на земјиштето каде ќе се гради прочистителната станица во Битола. Потоа за оваа еколошка инвестиција ќе следува објавување на тендер, избор на изведувач и потпишување на договор.
Ако се` се одвива како што треба во 2019 и 2020 година предвидено е изградба на станицата и канализационата мрежа и крајно 2021 година се` комплетно да биде ставено во функција.
-Предвидено е да се обезбедат 17 милиони денари за експропријација на земјиштето за прочистителната станица. Изградбата на станица е еден голем предизвик и за мене како градоначалник и за вас како советници, рече градоначалничката Петровска.
Бившата локална власт неуспеа да го реализира проктот прочистителна станица за Битола. Од големото ветување направи единствено физибилити студија, иако се најавуваше дека станицата ќе биде комплетно готова до крајот на 2018 година.
Овој проект ќе чини вкупно триесет милиони, од кои 21 милион се обезбедени преку ИПА фондовите, а останатите од Владата на Република Македонија.
Сообраќајот на патишта во државата се одвива тековно по наместа влажни коловози.
Намалена видливост поради магла има во Битола, Прилеп, Ресен до150м и Тетово до50м.
Вчера околу 18 часот младо момче од Битола на 23 годишна возраст си го одзело животот. Според податоците од СВР-Битола, несреќата се случила во семејната куќа на момчето М.А на улицата Булевар 1-ви Мај. Тоа било само дома , па членови на семејството го затекнале со прострелна рана во главата. Основното јавно обвинителство наредило обдукција.
Методија Тасевски е избран за нов претседател на ОО на СДСМ во Битола. Одлуката за негово именување ја донел лично претседателот на СДСМ Зоран Заев, потврди Тасевски за апла.мк . Тасевски е со долг партиски стаж и добар познавач на политичките прилики во градот.
Битолското здружение на Хрвати од Македонија, вечерва го организира традиционалниот Божиќен концерт на кој годинава ќе учествуваат младинскиот женски хор на КУД „Стив Наумов“-Битола и членови на Заедницата на хрвати кои учествуваа во наставата на хрватски јазик во Македонија.
Младинскиот женски хор под диригенство на Љубо Трифуновски ќе изведе дела на македонски и странски композитори, уметникот Дарко Кулевски на хармоника ќе го изведе делото на Семјонов „Слики од ренесансата“, а со соло гитара ќе настапи Андреја Чукалкова која ќе исполни Божиќна песна.
„Католичката Црква „Пресвето Срце Исусово“ е место каде што го славиме Христовото раѓање, каде што ја одржуваме традицијата и каде кон Здружението на Хрвати се приклучуваат и други битолчани. Благодарни сме што новиот жупник Дон Паво Шекерија ја препозна иницијативата и се заложи за реализацијата и на годинешниот Божиќен концерт во Битола“, соопштија организаторите на вечерашниот културен настан во овој град.