
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Министерството за Европа и за надворешни работи на Албанија денеска го осуди говорот на омраза кон Албанците, во графит на јавен простор во Битола и побара од македонските власти да го истражат случајот. Станува збор за графитот на фасада на зграда на Широк сокак во Битола – „Смрт за шиптари“, напишан на македонски и на албански јазик, со додавка „Закон си е закон“ алудирајќи на Законот за употреба на јазиците.
Графит со фашистичка порака испишан е денеска на фасада на битолски Широк Сокак. Графитот е на македонски и албански јазик, што алудира на Законот за употреба на јазиците.
Обезбедена е вкупната финансиска конструкција за проектот пречистителна станица во Битола која ќе изнесува 28,7 милиони евра.Најголемиот дел 85% од средствата се обезбедени од ИПА фондовите, а околу 7,5 милиони евра се од Владата на Република Македонија.
Битола е рекордер по бројот на кражби на автомобили во Пелагонискиот регион. Во 2017 година на подрачјето на СВР Битола се украдени 46 возила од кои 32 во Битола, 13 во Прилеп и едно возило во Ресен.
Изработка на нова сообраќајна студија за градот или ревидирање на постоечката, најави градоначалничка Наташа Петровска. Новата локална власт констатира дека загадувањето на воздухот во Битола меѓудругите чинители е последица и на нерегулираниот градски односно целокупниот сообраќаен режим во општината.
Петровска од битолскиот универзитет „Св Климент Охридски“ побарала промени во сообраќајната студија, што треба дадат резултати на подолг рок.