
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градска Битола има свое средсело, а исто така слави градски и селски Велигден. Овој народен обичај стар со векови бил настан на годината во една од најстарите битолски населби, Генимаале. Недела после Велигден, на верскиот празник Источен петок- Балаклија, во градот доаѓале гости од селата, се одржувал голем народен собир, а песни и ора ечеле до раните зори. Обичајот со цела негова етнолошка и фолклорна убавина од заборав ја спаси истакнатиот етнолог Валентин Соклевски со сценската адаптација на „Градски- селски Велигден“ во траење од 45 минути.
Под мотото “Традицијата живее со хуманост” беше организирана регионална Велигденска трпеза, во Битола, на која учествуваа општинските комитети на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и на Прилеп, Крушево,Ресен, Демир Хисар, Могила и Новаци, а присуствуваше и ИК на УЖ, која ја одразува традицијата на македонската жена и нејзините вештини во подготвувањето на храната, но и хуманоста, да им се обезбедат среќни празници и поддршка на оние кои им е најпотребна.
Претседателката на УЖ НА ВМРО ДПМНЕ Даниела Рангелова порача - „Македонската жена, знае успешно да се справува со сите предизвици, во јавниот живот, активна и бескомпромисна во нејзиниот политички ангажман, но целата енергија ја црпи од својата традиција на вредна домаќинка, семејните традиции, кои се потпираат на хуманост, помагање и поддршка“.
Присуството на претседателката Рангелова во Битола, искористено и за работна средба со УЖ ОК ВМРО ДПМНЕ Битола


