АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во натпреварот од СЕХА лигата што попладнево се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, Еурофарм Работник направи сензација и со два гола разлика го порази унгарскиот ракометен гигант Веспрем, европскиот вицешампион, кој во своите редови има голем број ракометни ѕвезди.
Ракометниот гигант „Веспрем“ од Унгарија, вечерва ќе допатува во Битола, пред утрешниот натрпревар во СЕХА лигата со „Еурофарм Работник“, кој ќе се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“. „Веспрем“ кој е двократен СЕХА победник и актуелен европски вицешампион, доаѓа со целиот свој потенцијал, за првпат е во Битола, па се очекува овој натпревар да биде вистински магнет за битолската публика.