2win800x200

Во интерес на битолските граѓани, дуќанџиите и пазарџиите , новата општинска власт  го откажа панаѓурот кој за овој викенд беше  најавен спроти кружниот тек кај Дулие.  Ова денеска го соопшти претседателот на Совет, Валентин Груевски.

- Ние зборувавме во минатите години дека ќе се обидеме тие работи да ги спречиме и со посебна заложба овие денови на градоначалничката на Општина Битола, со известување на сите надлежни институции во државата панаѓурот за овој викенд го спречивме. Панаѓур нема да има, секогаш ќе се однесуваме така кога ќе треба да ги заштитиме интересите на битолчани на  дуќанџиите и на пазарџиите од она што беше проблем во изминатите години, рече Груевски.  

Битолските дуќанџии со години забележуваа на организирањето на панаѓури од трговци од Шутка, со образложение дека  тоа е нелојална конкуренција за нив  и притоа се отвораа многу дилеми  околу легалноста на панаѓурите.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани