АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ЈКП Водовод Битола се приклучува кон одбележувањето на светскиот ден на водата. Денеска 22 Март 2021 година е Светскиот ден на водата кој оваа година се одбележува под мотото ,,Вредностите на водата“.Организацијата на обединетите нации (ООН), го покрена одбележувањето на Светскиот ден на водата пред 30 години, под овогодинешното мото со централна кампања се залага да се охрабрат луѓето да дадат свое мислење за значењето на водата за рационално користење на истата. Водата значи живот, водата е најзачајниот елемент на здравјето, водата е присутна во секој сегмент од животот. Денес водата е под екстремна закана од се поголемиот број на население на светско ниво, влијанието на стопанството и индустриските капацитети, како и влијанието на климатските промени.
ЈКП Водовод Битола по повод Светскиот ден на водата апелира до сите граѓани рационално и одговорно да ги користат природните водни ресурси, како главен извор на нашето здравје, со што директно ќе се приклучиме кон вреднувањето на водата на светско ниво во услови на пандемија со вирусот COVID 19.
Водата треба сите правилно да ја вреднуваме и да ја чуваме за сите и за генерациите кои доаѓаат.
НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“и ОУ „Даме Груев“ - Битола го одбележаа Светскиот ден на водата со тоа што учениците и наставникот Митко Јанески поставија упатства за рационално корисење на водата, електричната енергија, за одржување на хигиената во зградата и зеленилото во дворот.