2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Фарамата на сточарот Пеце Шамбевски од пелагониското село Радобор е пример за европска сточарска фарма. На неа според европски стандарди се одгледуваат 160 крави кои дневно даваат по два и пол тони квалитетно млеко. На неговата фарма денес беше склучено партнерство за развој и воведување на интегрирана ветеринарна програма. Со потпишување на меморандум за соработка Здружението за рурален развој ЛАГ Агро Лидер, Ветеринарната комора на Македонија и Ветеринарниот факултет од Скопје отпочна иницијатива преку која на македонските сточари им се обезбедуваат нови локални услуги кои ќе ја зголемат нивната продуктивност и конкурентност.

За да напредува еден бизнис многу е важно лесно да функционира во општеството. Република Македонија иако во изминатите години високо котираше на ранг-листата на „Дуинг бизнис“ на Светска банка, сепак во реалноста ситуацијата не беше таква.  Бизнисот се соочуваше со огромни проблеми, посебно што законите се менуваа преку ноќ, ова беше истакнато на денешната средба во Битола на претставници на УСАИД и жени претприемачи од градот, политичари, активисти огранизирана по повод 8 Март.received 213199296083991

-Нашата цел беше зголемување на економскиот развој  и тоа на поширока основа, што повеќе чинители да бидат вклучени во приватниот сектор, да креираат вредности и да придонесуваат за нови работни места. Ние се уште работиме на бизнис климата, но сега сме фокусирани на оспособувањето на коморите да бидат гласноговорници  на бизнисот, рече Татјана Марковска, прокет менаџер во УСАИД, од секторот за економски равој.image 0 02 05 3a9ac61bb1a532e3b0c436a90e2b614b95fc874524bbf658b7a9119f52090b8a V

На средбата организирана од Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ , присуствуваа претставнички на повеќе политички партии во градот, потенцирајќи го значењето на економската независност на жената.

-Еден од најважните чекори за една жена е да стане економски независна. Тоа е едно од најважните лични права, но и човекови права. Претприемништвото е модел кој зближува, жените да се споени во заедничкиот интерес за бизнис успех во општеството. Сметам дека ова треба да биде заедничка женска порака за партнерство, околу која сите жени треба да се обединат, рече Анита Ангелевска, претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ и советник во битолскиот Совет.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани