2win800x200

Отворен е Центар за дојка во Клиничката болница во Битола каде денес во употреба беше пуштен најсовремен мамограф за скининг на карцином на дојка. Во Центарот може да се направи и магнетна резонанса и ехо дијагхностика кај пацинетите на само од Битола, туку од Југозападниот регион, со што тие добиваат прецизна дијагностика.

Клиничката болница од Битола за потребите на пациентите на Очното одделение од сопствени средства набави најнов апарат за оптичка кохерентна томографија со OCT ангиографија за испитување на задниот сегмент на окото.

„Ова е најнов апарат, прв во јавното здравство во нашата земја и пошироко. Процедурата е неинванзивна и краткотрајна. Со ова на Очното одделение се отвора нов кабинет за компјутерска томографија во кој од август ќе работи обучен кадар по сите светски стандарди“, изјави за Апла.мк портпаролката на болницата, Сузана Конеска.

Од понеделник ќе биде обезбедена ампуларна терапија за болните од канцер во Службата за онкологија, соопштија од Клиничката болница во Битола. Од болницата велат дека проблемот настанал поради лошо планирање на ампуларната терапија од страна на претходното раководство, односно потребите од оваа терапија се поголеми од набавениот лек со тендер од минатата година.

Апарат за лекување на белодробни заболувања кај децата доби како донација детскиот оддел на Клиничката болница д-р „Трифун Пановски“-Битола  од фирмата „Жито Лукс“.

Од Битола, поточно од дворот на Клиничката болница, стартуваше обиколката на Mобилниот инфо хеп центар за бесплатни и безболни прегледи на црн дроб и тестирања за хепатит Ц и ХИВ вирус низ повеќе градови во земјава. Станува збор за медицинско возило кое е во сопственост на хрватско здружение за борба против болести на црниот дроб, добиено како донација од Брисел, а содржи најсовремена опрема за дијагностика. Прегледите се безболни, траат по пет минути, наликуваат на контрола со ултра звук и ја заменуваат инвазивната метода на биопсија на црн дроб.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани