АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од Битола, поточно од дворот на Клиничката болница, стартуваше обиколката на Mобилниот инфо хеп центар за бесплатни и безболни прегледи на црн дроб и тестирања за хепатит Ц и ХИВ вирус низ повеќе градови во земјава. Станува збор за медицинско возило кое е во сопственост на хрватско здружение за борба против болести на црниот дроб, добиено како донација од Брисел, а содржи најсовремена опрема за дијагностика. Прегледите се безболни, траат по пет минути, наликуваат на контрола со ултра звук и ја заменуваат инвазивната метода на биопсија на црн дроб.
„Го нудиме своето знаење и помош на пацинетите во Македонија. Во следните три-четири дена да им пружиме помош на неколку стотици пацинети и други граѓани од Битола, Тетово, Гостивар, Скопје и манастирот 'Св. Јован Бигорски'. Работиме со локаклни доктори, а оние критични пациенти ќе се препраќаат на понатамошно лекување на лекар. Сето ова го правиме во склад со глобалната стратегија на Светската здравствена организација за елеминирање на вирусните хепатити до 2030 година“, рече Татјана Реиќ, претседател на Европското задужение за борба против болести на црниот дроб.
Заменик министерот за здравство Гоце Чакаровски рече дека ќе се направи обид Македонија да добие слично возило.
„Ќе направиме пресметка колку би чинело едно вакво возило за да се набави и со кое ќе ја исклучиме инвазивната метода, ќе ги едуцираме и лекарите за работа со ваква метода со цел да се подобри здравствената услуга во Македонија“, рече Чакаровски.
Тој најави дека во тек е изготвување на регистар на заболени пацинети од хепатити во Македонија.
„Ќе вложиме многу во превенцијата, во едукација на населението и здравствените работници за да ги едуцираме за самозаштита од оваа болест, да им објасниме каква е трансмисијата бидејќи секаде во светот превентивата е многу поевтина отколку последиците од оваа болест. Карциномот на хепар може да доведи до една потешка, посериозна состојба која во краен случај завршува и со трансплантација на хепар која не секогаш е успешна. Целта е Македонија до 2030 година да го исклучи хепатитот како болест на населението, рече Чакаровски.
Мобилниот хеп центар во Македонија допатува во соработка со Центарот за хепатитис „Хепар“ од Битола , од каде очекуваат Македонија да продолжи со набавка на најсовремени лекови за болестите на хепарот.
„Сме во процес заедно со Министерството на набавка на современи медикаменти за одреден број критични пацинети во Македонија. Имавме неколку случаи на трансплатнација, меѓу кои и 25 годишен битолченец, кој имаше две трансплантации и компликации. Заменик министерот успеа да набави почетна донација за тој дечко и пацинетот се стабилизира. Очекуваме импелементирање на современите лекови во Македонија и што поголем број на пацинети да ги добијат и да се намали бројот на смртни случаи и на трансплантации“, рече Милан Мишковиќ од „Хепар“.
И Општина Битола понуди во рамки на своите можности да соработува во намалување на ширењето на болестите на црниот дроб.
„Можеме да се вклучиме во делот на едукација на младата популација особено во основните и средните училишта и преку едукација би се овзоможило превентивно да се спречат сите идни потенцијални можности за заразување со оваа болест“, рече градоначалниката Наташа Петровска.