Обука за професионален развој на наставниците во училиштето во Новаци

Април 27, 2018

Обука за професионален развој на наставниците и стручните соработници во ОУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци, реализираше Здружението за професионален развој и демократија „Континиум“ од Битола.

Обуките се реализираат во рамките на проект одобрен од Министерствот за образование и наука, а темите беа избрани од страна на тимот за професионален развој во училиштето.

Проектот е поддржан од Советот на Општина Новаци и градоначалникот Љубе Кузмановски, кој посочи дека „ова е само почеток на инвестирањето во сферата на образованието во општина Новаци“. Според него, следуваат уште многу проекти со кои ќе се подобруваат капацитетите на вработените во образованието во општината, пропратени со бројни инфраструктурни зафати.

„Ова е позитивен начин на вклучување на општината во процесите на развој на компетенциите на наставниците и стручните соработници, што долгорочно ќе се одрази позитивно врз квалитетот на наставата и подобрување на процесите на учење и развој на учениците“, посочуваат од „Континиум“

novaci 2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани