2win800x200

Набавен екстра современ апарат за оптичка томографија во Клиничката болница во Битола

Јуни 18, 2018

Клиничката болница од Битола за потребите на пациентите на Очното одделение од сопствени средства набави најнов апарат за оптичка кохерентна томографија со OCT ангиографија за испитување на задниот сегмент на окото.

„Ова е најнов апарат, прв во јавното здравство во нашата земја и пошироко. Процедурата е неинванзивна и краткотрајна. Со ова на Очното одделение се отвора нов кабинет за компјутерска томографија во кој од август ќе работи обучен кадар по сите светски стандарди“, изјави за Апла.мк портпаролката на болницата, Сузана Конеска.

 

Таа додава дека услуга од ваков тип пацинетите можеа да добијат на Очната клиника во Скопје, но за тоа чекаа повеќе од три месеци, а и апаратот беше од постара генерација.

„Истата услуга пацинетите можеа да ја добијат и во приватните клиники, но прегледот беше многу скап. Во Клиничката болница во Битола пацинетите ќе се лекуваат со партиципација и закажувањето ќе биде преку Мој термин. Инаку, во нашата болница со овој третман ќе бидат опфатени пацинети од цела Македонија, но и пошироко“, додава Конеска.

Ваков модерен апарат нема во јавното здравство ни во околните балкански земји.б

3

35488759 2017809678537471 5596611616712949760 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани