2win800x200

Само 4 проценти од сопствениците на рурални туристички капацитети користеле пари од државата и фондови

Јуни 19, 2018

Четири проценти од сопствениците на туристички рурални капацитети во земјава користеле субвенции од државата или пари од други фондови за унапредување на бизнисот, покажа истражувањето на Руралната коалиција, поддржано од УСАИД.

На тркалезната маса која денес се одржа во Битола беа презентирани податоци за Пелагонискиот регион, а се собраа и предлози за понатамошни насоки на што да се стави акцент во изготвувањето на новата Национална стратегија за развој на руралниот туризам. Досегашната стратегија се однесуваше на периодот од 2012 до 2017 година, па истече важноста, а оваа година минува без стратегија..

„Опфативме над 120 капацитети во сите осум плански региони во руралните средини. На прашањето дале сте запознати со Националната стратегија која е истечена и една година минува а нема стратегија, 78 проценти од сопствениците на капцитетите немаа информација дека ваква стратегија постои. Руралниот туризам како гранка спаѓа во индустриската политика на државата. Најголем дел од средствата се доделуваат преку Министерството за економија. Но, ако не знаете дека спаѓа во секторот на индустриска политика зошто и би барале информации и средства од некој сектор каде што сметате дека и не се наоѓа оваа гранка. Најчесто сите ја поврзуваат со земјоделство“, рече Лилјана Јоноски, извршна директорка на Рурална коалиција.

За рурален туризам пари се нудат преку ИПАРД, Националната програма за рурален развој 50-50 и во третиот дел се субвенциите за поддршка на рурален туризам кои се доделуваат од Министерството за економија.

„На прашањето дали сте користеле средства и од каде само 4 проценти од испитаниците искористиле средства од програмата 50-50 најчесто за доградба и опремување на капцитети. А токму кон крајот на април заврши еден таков повик“, додаде Јоноски.

За новата национална стратегија што допрва треба да се составува, претприемачите кои развивараат рурален туристички бизнис предлагаат Министерствата да имаат заедничка програма за финансирање, како и да се подобри инфраструктурата во земјава.

„Опсерваторијата Кокино нема соодветен пат за поголема група туристи да се однесе таму, а не пак да има сместувачки капацитети, а се смета за едно од современите светски чуда“, беше речено на тркалезната маса. .

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани