2win800x200

Првиот „Пазар на локални производи“ во Битола, денеска ги собра на едно место битолчани да вкусат домашно подготвени пити, гомлезе, вино, разновидна органска храна, традиционални производи, органски спун и креми, а, се готвеше и на лице место и се дегустираше. Најмладите учествуваа во едукативен час како да ја препознаа здравата храна.

Настанот кој се одржа во Новиот пазар е во организација на  „Слоу Фуд-Битола“  во соработка со „ЈП Пазари“Битола а на него учество зедоа петнаесеттина производители.

Домашниот намаз од лешник беше исклучително вкусен и подготвен од вештите раце на готвачот Пеце Клечкаровски од Струга , кој воедно битолчани, посетителите на настанот ги почести и со други свежо подготвени специјалитети.

-Путерот од лешник е мој личен специјалитет, ми дојде идеја да направам напочеток само чоколаден путер со лешник , а потоа креативниот процес еволуираше . „Леска намазот “е различен од сите други, и тоа го препознаа гостите во ресторанот каде што работам , зошто е чист органски, рече Клечкаровски.

Пеце Цветковски од „Вила Дихово“ на пазарот излезе со домашно вино произведено од неговата плантажа.

-Произведувам и нудам домашни производи од нашите плантажи, го практикувам традиционалниот начин на производство на вино, обратно од големите винарии. Конзументите се задоволни и со самата промоција на селскиот туризам кај нас во мојот локал нудам вакво вино. Годишно произведувам од 600-700 литри вино, рече Цветковски.

Со вкусно биено и бело сирење на пазарот настапи Игор Поповски , кој има своја фарма во Дихово.

-Произведувам сирење и кашкавал, работата е доста специфична и те обврзува по цел ден , но граѓаните го ценат квалитетот иако економскиот стандард на луѓето си го прави своето, рече Поповски.

На пазарот можеше да се купи и природна органска козметика, направена во фармацевтска лабораторија во Битола.

-Мајка ми во нашата лабораторија прави различни производи од органски состојки, креми и сапуни со арганово масло и пчелин восок. Тука се вбројува и путерот за тело и мелемот за детска кожа. Нашата идеја беше да направиме нешто природно, а не со хемикалии. Битолчани ги купуваат нашите производи, рече Ангела Пандовска .  

На пазарот децата се едуцираа  и ги тренираа  сетилата за препознавање на храната, а забавата  продолжи со дружба Dj сет на B-boy .

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани