2win800x200

Советот на Општина Битола на денешната прва работна седница ја прифати донацијата од Амбасадата на САД во висина од 1 милион долари за дооформување на новиот објект на противпожарната станица. Градоначалникот Тони Коњановски јавно се заблагодари на Амбасадата на Соединетите Американски Држави за, како што рече, значајната поддршка во зајакнувањето на капацитетите за заштита и спасување.

На истата седница Советот донесе и две важни одлуки со кои се деблокираат големи инфраструктурни проекти. Првата се однесува на грантот од Европската инвестициска банка во висина од 1 милион евра, наменет за реконструкција на водоводни мрежи на седум локации, од кои пет се во градското подрачје, а две во руралните средини.

Дополнително, беше усвоен и Нацрт-деталниот урбанистички план за спортски комплекс во населбата Нова Битола, со што се создава основа за отпочнување на процедурата за еден од поголемите идни спортски проекти во општината.

Градоначалникот Коњановски се заблагодари на советниците за, како што рече, конструктивноста и поддршката во носењето на одлуките важни за развојот на Битола.

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани