
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолската полиција денеска до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Р.Б (28) од Ресен заради постоење основано сомнение дека тој во период од 1 до 6 март годинава извршил 14 тешки кражби во куќи и верски објекти на подрачјето на Битола.
Битолската полиција по преземени мерки и активности го откри сторителот на четири тешки кражби на подрачјето на Битола, Р.Д.(24) од Битола. Три од нив биле извршени во цркви и манастири во изминатиот период, а една тешка кражба е сторена во средно општинско училиште.
Крадец синоќа околу 21 и 30 часот бил фатен на лице место како ги празни касите со пари во црквата „Св. Богородица“ во Битола. Само што ги искршил стаклата од вратата и влегол внатре да оперира по дојава во обезбедувањето „Карпатија“, кадецот бил фатен со неколку десетици илјади денари во рацете и се уште се обидувал да ги собере и металните монети што верниците ги оставаат на иконите.