АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Крадец синоќа околу 21 и 30 часот бил фатен на лице место како ги празни касите со пари во црквата „Св. Богородица“ во Битола. Само што ги искршил стаклата од вратата и влегол внатре да оперира по дојава во обезбедувањето „Карпатија“, кадецот бил фатен со неколку десетици илјади денари во рацете и се уште се обидувал да ги собере и металните монети што верниците ги оставаат на иконите.
На повик на обезбедувањето стасала и полицијата која веднаш го привела крадецот.
Во последните десет години ова е прва ваква кражба во црквата, иако досега имало обиди за влегување во храмот од страна на натрапници, но тие биле безуспешни, велат од „Карпатија“, за апла.мк.
Од битолската полиција го потврдуваат случајот, со информација дека фатено е едно лице кое е на сослушување во полиција, се е навреме регирано, велат од таму .