Полицијата го фати крадецот кој вчера нападна 73 годишна жена и и ја украде чантата со пари

Ноември 03, 2023
 
На 02.11.2023 во 18.00 часот во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола го лишиле од слобода Н.Д.(36) од Битола.
 
Тој се сомничи дека околу 10.10 часот во Битола физички ја нападнал В.В.(73) од Битола и ѝ одзел чанта со пари. 
Со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом во Битола, при што било пронајдено одземеното и било вратено на сопственичката. 
 
Лицето било приведено и задржано во полициска станица и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани