2win800x200

Субвенционираната струја ќе ја чини државата 8 милиони евра

Февруари 28, 2018

Битолската граѓанската иницијатива за субвенционирана тарифа „24/7 субвенционирана струја “, направи анализа и пресметка на финансиските импликации од прифаќањето и воведувањето на субвенционирана струја за граѓаните на пелагониските општини Битола, Новаци и Могила. Членовите на Иницијативата во декември и јануари годинава побараа податоци од Регулаторната  комисија за енергетика и ЕВН за анализа и пресметка на финансиите.

 bista 1

bista 2

АНАЛИЗА НА "БИСТА"

Анализата се однесува за жителите на територијата на Општините Битола, Новаци и Могила за период од една година во која се гледа дека на оваа територија инсталирани се 49.829 мерни броила од кои 43.480 се за домаќинства, а 6.349 се за индустрија.

На сите овие мерни броила се потрошени близу 308 гигават часови, од кои 144.407.080 KWh од домаќинства, а 163.383.116 KWh од индустрија. Вкупната фактурирана вредност со вклучен ДДВ е 1.323.600.400 денари (21,53 милиони евра).

Максималниот капацитет за производство на електрична енергија на РЕК Битола е 700 мегават часови или годишно 6.132 гигават часови, а со оглед на тоа што термоелектраната не работи цело време со полн капацитет, ремонтите и непредвидените дефекти реално произведува во просек околу 525 MWh или годишно околу 4.600 GWh.

- Потребите на жителите на овие три Општини е близу 308 гигават часови годишно или некаде околу 6,7% од вкупното годишно производство на електрична енергија од страна на РЕК Битола. Ова би значело дека потребната електрична енергија за жителите на овие три Општини термоелектраната РЕК Битола би ја произвела за 25 дена, а останатите 340 дена би произведувала за сите останати жители во државата, наведуваат во анализата од Битолската иницијатива за субвенционирана тарифа.

bista3

bista4

 

ФИНАНСИСКИ ИМПЛИКАЦИИ ОД "БИСТА"


Моделот кој ќе го предложиме во оваа Иницијатива е целодневна субвенционирана ниска тарифа за домаќинствата и 30% субвенциониран попуст на тарифата за индустрија. Пресметката би се вршела посебно за домаќинства и посебно за индустрија, во 2 одвоени дела:
1. Кај домаќинствата, фактурираната вредност со ДДВ по висока и средна тарифа е близу 10 милиони евра  и доколку високата тарифа би се заменила со ниска тарифа, тогаш износот би се преполовил на 5 милиони евра.
2. Кај индустријата, фактурираната вредност е близу 6,44 милиони евра  и доколку би се пресметал 30% субвенциониран попуст на тарифата би се добило износ од 1,95 милиони евра.
Збирната вредност на домаќинства и индустрија би била 6,95 милиони евра. Доколку предвидиме дека би се зголемила потрошувачката на електрична енергија како резултат на субвенционираната тарифа од 25%, тогаш би добиле износ од 8,7 милиони евра.

-Со прифаќањето на оваа Иницијатива државата ќе треба да одвојува 8,7 милиони евра на годишно ниво како субвенција за жителите на Битола, Новаци и Могила, поради труењето од согорувањето на фосилни горива во термоелектраната РЕК Битола.

-Сакаме  да појасниме дека оваа Иницијатива ја покренуваме со цел да бидиме на некој начин обештетени за огромните штетни последици по човековата околина (воздух, почва, вода) од самото отпочнување со работа на термоелектраната РЕК Битола, па до денес, наведуваат од  БИСТА.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани