АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во канцеларијата на Народното правобранителство во Битола денес биле поднесени пет официјални претставки од гласачи. Две од нив, поради нарушување на изборниот молк со уфрлување на политичко пропаганден материјал во поштенски сандачиња во станбени згради и уште неколку други случаи пријавени од граѓани кои не се нашле во избирачкиот список, а личните карти им биле извадени по 8 февруари.
-Подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Битола, за жал, нема доволно ресурси, но со оние што ги имаме, со добра организација на работата секогаш сме на вистинско место и секогаш ефикасно и ефективно ги извршуваме работите во наша надлежност. Досега сме имале над 700 претставки во 2017 година, изјави Лилјана Илиевска, заменик Народен правобранител во подрачна канцеларија во Битола.