
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола обезбеди бесплатен превоз до ски-центрите на планината Баба, кој ќе се реализира утре (четврток) и во петок.
Од Општина Битола информираа дека локалната самоуправа и јавното претпријатие „Пелалинк“ и оваa зима за време на зимскиот распуст за учениците, но и за сите граѓани обезбедија бесплатен превоз до ски центрите на Нижо Поле и „Молика“.
Утре, 8 јануари и на 9 јануари, бесплатно може да се користи автобуската линија број 1 за ски центар Ниже Поле, а тргнувањето е во 8:00 часот од паркингот кај Спортската сала, и автобуската линија број 2 за превоз до хотелот „Молика“, а поаѓа во 8:00 часот од паркингот кај Новиот пазар.
Враќањето на двете линии од ски центрите е во 13:00 часот, соопштија од Општина Битола.
Пред само неколку минути 50 учесници од 10 градови од Македонија, Црна Гора и Германија, кои се дел од настанот "Први На Први" ја започнаа планинарската акција од локација на Инфоцентар за искачување на Врв Пелистер. Оваа година во организација на "Олимпус Монс" со поддршка на Општина Битола како дел од Зимската приказна настанот се организира по 5ти пат. Целта е да се дочека првото изгрејсонце во Новата година од еден од најубавите природни видиковци на Балканот.

А. Блажевска 