2win800x200

Манипулации во врска со декларирани проценти на млечни масти во преработки од млека, утврдила Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), соопштија денеска од институцијата, додавајќи дека на операторите кај кои се утврдеи неправилностите им се изречени парични казни.

Имено, како што информираат од Агенцијата, предмет на анализа биле 45 мостри од млеко и млечни производи, при што кај десет оператори било констатирано дека примероците не одговараат на одредбите од Правилникот за квалитет на земјоделските производи, однос производите содржеле помал процент на млечни масти од она што било истакнато на декларациите.

Така, кај еден оператор со храна, лабараториското тестирање на мостра од вкупно одземените 22 килограми сирење, било утврдено дека наместо 20 проценти млечна маста, како што стоело на декларацијата, производот содржел само еден процент. Поради ова на операторот му е изречена парична казна од 3 500 евра во денеска противвредност.

Дополнително, како што информираат од АХВ, на уште осум оператори – производители и увозници, им биле изречени казни од по 1 050 евра, бидејќи и кај нив биле констатирани идентични манипулации, односно имало разлики во декларираниот и реалниот проценст на млечна маст во контролираните млечни производи.

Кај друг оператор пак, со тестирањето било констатирано дека во производството на млечен производ користел растителни (палмини) масти, поради што му е изречена парична казна од 1 300 евра. Спорниот млечен производ од овој оператор, односно пакувањата со вкупна маса од 500 килограми биле повлечен од продажба и нештетно уништени на депонија, додаваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Оттаму посочуваат дека кај производителите и увозниците на храна од оваа категорија и во наредниот период ќе продожат засилените контроли.

Инаку, од АХВ велат дека 91 мостра од млеко и млечни производи, како и од сувомеснати производи, од домашно и странско производство, биле земени од официјалните ветеринари на Агенцијата во рамки на вонредните контроли, што биле извршени со цел да се утврди дали производите по својот квалитет реално соодвестуваат со она што е означено на декларациите. „Засега комплетирани се резултатите од тестираните примероци млеко и млечни производи земени од поголемите синџии на маркети во земјава. Се чека комплетирање и на резултатите за тестираните сувомеснатите производи, за што јавноста дополнително ќе биде известена“, се наведува во соопштението на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Ситните сточари од битолскиот регион ќе применуваат хрватски методолoгии за производство на посебни видови сирења, за да остварат доплнителни приходи. За таа цел советодавци од Советодавната служба на Република Хрватска ќе го пренесат своето искуство на советодавците од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделието во Македонија, кои потоа ќе едуцираат нашите земјодлеци.

- За почеток го вклучуваме Регионален центар-Битола, а најмалку десетина дена во Македонија ќе бидат присутни мајстори за производство и преработка на сирења од Хрватска, кои ќе ги обучуваат нашите советодавци, кои подоцна ќе ги обучуваат нашите земјодлески производители. Тоа значи дека ќе има обуки за посебни видови сирења кои што се произведуваат во Хрватска, а го вклучуваме и Факултетот за битехнички науки во Битола, кои ги нуди сопствените капацитети за да можеме овие обуки квалитетно да ги спроведиме. Познато е дека во Македонија не постојат мали производители и преработувачи на млеко. Токму затоа за да имаме поголема додадена вредност во производите во примарното земјоделско производств,о се оди во насока на нивна обука, како да ги произведуваат овие сирења, со оглед на тоа што колегите во Хрватска имаат одлични искуства, изјави Зоран Бардаковски од АПРЗ.

Оваа соработка е дел од обврските на Македонија како земја кандидат за членство во ЕУ, а договорот за соработка меѓу двете јавни институции е склучен минатата година.

-Со колегите од Македонија имаме размена на искуства и методологии за работа, а овие денови ќе имаме конкретна соработка за трансфер на нашите знаења. Посебно е интересно тоа што ќе ги обучуваме ситните земјодлеци за преработка на млеко, со што тие ќе произведуваат нови производи и на тој начин ќе остваруваат дополнителна заработувачка, рече Здравко Тушек, од Советодавната служба од Хрватска

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани