Во НУУБ "Св. Климент Охридски" - Битола денеска беше отворена изложбата на 100 книги стари 100 години од фондот на Библиотеката "АЛБИ" - с. Бабино,
Книгата е огледало на збиднувањата низ вековите и човековите стремежи кои се реализираат и живеат во пишуваниот збор - книгите кои се печат на едно време...
На изложбата зборуваше м-р Бојан Стефановски директор на НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола, сопственикот на библиотеката „Алби“ Стево Степановски,
писателот Добре Тодороски и претседателот на ДПМ Христо Петрески.
По повод Светскиот ден на книгата и авторското право се читаше пораката одОдре Азуле, генерален директор на УНЕСКО и Македонската порака од проф. д-р Ана Стојаноска.
Изложбата ќе биде поставена од 24 до 28 април 2023 година.
„Овој настан го искористивме да го одбележеме Светскиот ден на книгата и авторското право на симболичен начин со цвеќиња кои директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола им ги ги подари на присутните“, соопштија од Библиотеката.