АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолчанецот Владе Станковски-Тито, македонски шампион во боди билдинг и фитнес минатиот викенд во Скопје на Diamond Cup 2019 го освои третото место во категорија ветерани, во конкуренција од 25 држави и околу 150 натпреварувачи.
Станковски е повеќекратен државен шампион во категорија ветерани и во полутешка категорија. Има освоено и титула Апсолутен шампион на Македонија во боди билдинг и фитнес. А учествуваше и на натпреварот Атлета на Македонија каде беше прогласен за шампион во категорија ветерани, над 40 години.
-Долгогодишен труд и постигнати успеси вредни за спомунување, претставник на нашиот град единствен со толку освоени медаљи наши и на меѓународни натпревари. Татко на 3 деца, вработен , но како е прав спортист има време за се. Најубавите мускули се градат со многу љубов и трпение, а не инстант преку ноќ, велат од тимот на Станковски.