2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Tриесетина конзервирани фрагменти од резбани таваници од градски битолски куќи се изложени во битолскиот Завод и Музеј. Авторката на изложбата етнологот Мери Стојанова, која е и директор на Завод и музеј, подготви и колор публикација на 42 станици за специфичностите на овие раритетни елементи кои се оригинален дел од битолската градска куќа.

„Голем дел од фрагментите беа премачкани, оштетени, со отпаднати делови, на некои недостигаа комплетни елементи, ги конзевриравме. Кога го правев истражувањето пред две години, а и сега кога го подготвував текстот за каталогот не успеав да најдам ни една битолска куќа во која се уште се зачувани резбарените таваници. Не велам дека нема, но и покрај сите мои обиди и контакти со битолчани не успев да најдам дека некаде уште постојат. Инаку бројот и големината на застапеностана ваквиот вид таваници бил многу поголем во минатото“, рече Стојанова.

Деловите од резбани таваници кои се изложени датираат од крај на 19 и почеток на 20 век, период кога вакви впечатливи елементи од ентериерно уредување се среќавале во традиционалната градска куќа во поширокиот балкански ареал. Само се разликувале во колорит, формите, начин на изработка...

„Ова се само фрагменти, за жал немаме целосна резбана таваница, сите овие се само елементи. Тие се дел од големата европска традиџија, во овие резбани елементи има повеќе влијанија, па и европско. Најчесто се користени вегетабилни орнаменти, кругот како една цикличност на живеењето. Карактеристични се и боите, резбани се чисто од дрво, обоени во жолта, залена боја“, вели етнологот Наде Геневска Брачиќ.

Во Битолско ги изработувале дрворезбрите кои доаѓале од Галичник, па уникатноста на резбите не изненадува, имајќи ги во предвид врвниите дострели на реканско-дебарската градителска и уметничка школа. Тие иако најчесто изработувале иконостаси и сличен мобилијар во профаните објекти во градот, во многу случаи изработувале и таваници и друг инвентар за битолските домови. Покрај нив, во Битола работеле и мајстори школувани во познатата Занаетчиска школа во Охрид во која се негувала и пренесувала традицијата на дебаракста копаничарска школа.таваници4

таваници3

Авторот на изложбата Мери Стојанова со градоначалничката Наташа Петровска и заменик градоначалничката Емилија Костурски

таваници2

таваници

резби 2

 

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани