АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Мите Ристов е единствениот наставник од Битола, добитник на грант од Фондацијата отворено општество, по распишаниот повик „УСПЕШНИ НАСТАВНИЦИ ЗА ДОБРИ НАСТАВНИ ПРАКСИ“. Како првонаграден во категоријата средни училишта, добива грант од 18 илјади денари, исто така грант од 50 илјади денари е доделен и на гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола, каде Ристов е професор по географија. Од вкупно 112 апликанти од цела Македонија, ФООМ одобри девет грантови за наставниците и девет грантови за нивните училишта во три засебни категории -одделенска настава, предметна настава и средни училишта.