АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената, дел од членовите на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Битола, ја посетија градоначалничката Наташа Петровска. Тие донесоа рачно изработени предмети од нивните членови и со голема радост и ги подарија на градоначалничката. Таа им се заблагодари и ја изрази својата поддршка која и натаму ќе ја дава Општина Битола за овие лица.
Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост е доста активен и нивните членови досега имаат организирано неколку изложби на своите изработки. Просториите на „Порака“ кај Дрвен Пазар се збиралиште на лица со интелектуална попреченост и други хумани битолчани кои заедно организираат бројни манифестации на кои до израз доаѓа таленот на оваа категорија граѓани.
Општина Битола деновиве ја отплати втората рата во износ од 7.866.783 денари, од кредитот кој што беше земен од Светска банка од претходната локална власт.
„Со оваа исплата за само шест месеци,заедно со првата рата во вредност од 7.840.623 денари, општината покрај тековните обврски, успеа да исплати вкупно 15.707.406 денари, или над 253.300 евра“, соопштија од Општина Битола.
Покрај тоа што Општина Битола му го раскина договорот на изведувачот „МС Конструктор“ ДООЕЛ Битола зашто ги пробил сите рокови за реконструкција на улицата „Климент Охридски“, против него ќе бидат преземени и други мерки спогласно законите.
И оваа зима повеќе од 42 државни и општински установи во градот користат лесно масло за ложење и мазут, а за тоа од државната и општинската каса на годишно ниво се трошат над 2,1 милион евра. Вакво истражување презентираше Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ од Битола на трибината за аерозагадување. Во табелата на институции кои се греат со фосилни горива се Општината, Основниот и Апелациониот суд, Домот за доенчиња, Библиотеката, Центарот за култура, десет основни училишта, седум средни училишта, седум детски градинки, Студентскиот дом и други институции.