АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Изјава на градоначалникот Тони Коњановски при денешниот увид во проектите кои се во тек во Општина Битола
ИЗВЕСТУВАЊЕ ВО ВРСКА СО РЕШЕНИЕТО ПО ЖАЛБАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА, ГАБРИЕЛА ИЛИЕВСКА
Во врска со жалбата на Претседателката на Советот, Габриела Илиевска на решението на Државниот инспектор за локална самоуправа, Ве известуваме дека во доставеното решение од Државната комисија за одлучување во втор степен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, наведени се формални недостатоци на актите донесени од инспекторатот во постапката на вршење на инспекцискиот надзор. Решението бр.08-528 од 18.05.2023 на Државниот инспекторат за локална самоуправа, се поништува и предметот се враќа на повторна постапка пред првостепениот орган (Државниот инспекторат за локална самоуправа).
Во ниту еден дел од решението на второстепениот орган, не е утврдено или укажано дека, претседателката на Советот постапила исправно.
Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ПРЕКУ СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ” за вклучување/работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување - Центар за вработување Битола.
Евидентираните невработени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.
Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признат од релевантните институции за стекнати вештини/компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци/ 9 (девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на: 13 образовни асистенти во средни училишта, 2 воспитувачи во детска градинка, 4 негуватели во детска градинка и 2 фасцилитатори во инклузивен центар за деца од ранливи групи.
Повеќе информации за повикот и начинот на аплицирање може да се добијат на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/wordpress/wp-content/uploads/2023/08/Јавен-Повик-21-лицe-2023-.pdf
Општина Битола