2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Членките на Организацијата на жени од Битола беа во возвратна посета на здруженијата со кои имаат остварено соработка од Грделица, Лесковац и Власотинац. Нивни домаќини беа Здружението „Јлендол“ од Грделица и „Лоза“ од Власотинац. Членовите на овие здруженија во 2019 година ги посетија Битола и Крушево, па сметаа за своја должност престојот на новостекнатите пријатели од Северна Македонија да го направат што попријатен.

336487719 231965599203270 3089830912027549907 n

Дел од нивниот престој вклучуваше обиколка и запознавање со Власотинце, каде ја посетија градската црква Света Троица, Спомен паркот на старите гробишта, Кејот Нешиќ и центарот на градот. Особено им беше интересна куќата на Млин и Поповиќ, затоа што беа препознатливи по популарната серија „Семејно богатство“ на Синиша Павиќ.

Гостите од Македонија во црквата Света Троица ги поздрави свештеникот Никола Пешиќ. Тој, заедно со Даница Валчиќ, пензиониран кустос на Завичајниот музеј, ги запозна со изградбата, сликарството, времетраењето и особеноста на храмот. Потоа им беше приреден прием во црковната гостилница, каде заедно со богослужбата, со посебна програма, членовите на Женското пеачко друштво од Власотинац ги воодушевија со својата песна.

Оваа средба беше можност и за размена на подароци, а Срба Такиќ, претседател на Здружението „Лоза“ и директор на општинската библиотека „Десанка Максимовиќ“ на гостите им подарија фотографии и книги за Власотинац, Битолчанките, пак, им подарија десет книги на македонски јазик со кои ќе биде збогатен фонд на Одделот за странски книги.

Во амфитеатарот на Спомен-паркот на ослободителите се одржа еден вид поетско матине, на кое поетестите Светлана Пешиќ, Јасмина Митровиќ и Вера Стоиљковиќ ги читаа своите стихови. Во радост и добро расположение заврши ова дружење, со ветување дека ќе продолжи во Битола.

336529130 231591989320755 7316167682877778361 n

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани