АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалникот на Општина Битола Наташа Петровска ја поздравува иницијативата на РК Еурофарм Работник и одлуката на Советот на Општина Битола донесена на последната седница, која се однесува на спроведување и реализација на Платформата за ракометна Битола. Воедно ги повикува сите вклучени субјекти ( Совет на Општина Битола, РК Еурофарм Работник и РК Пелистер) за навремена информираност и за овозможување на неопходните услови предвидени во Платформата за успешно спроведување на истата, се наведува во соопштението од Општина Битола.